Шпанскиот амбасадор го отвори фестивалот „Циклус на шпански филм 2015“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Во организација на Амбасадата на Кралство Шпанија во Република Македонија, а во соработка со Младинскиот културен центар „Козјак“ и општина Куманово, вчеравечер со проекцијата на филмот „По еден пиштол за секоја рака“ беше отворен фестивалот – „Циклус на шпански филм 2015“.

Loading...

DSC_0048

Амбасадорот на Кралството Шпанија, Рамон Абароа Каранса вели дека веќе има доаѓано во Куманово и тоа на осми мај годинава по повод Денот на Европа и истакна дека е сигурен дека ќе дојде и повторно во знак на добрата соработка.

Нашата соработка помеѓу шпанската амбасада и општина Куманово е плодна и оваа година ја започнавме со овој краток филмски циклус, а се надевам дека догодина ќе имаме фестивал на шпански филм – додаде амбасадорот Абароа Каранса.

Од друга страна градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски рече дека му е чест што амбасадорот е гостин во општината и на оваа манифестација и истакна дека се разгледуваат можности Куманово да се спријатели со некој град од Шпанија.

Во нашиот разговор направивме можни видувања за соработка со Шпанија и некои градови компатибилни со шпанската држава и се надевам дека она што денеска го претставивме како услов на преговори ќе го реализираме во наредниот период.

Во своето обраќање пред кумановската публика амбасадорот истакна дека соработката со општина Куманово постои веќе неколку години преку заедничкото прославување на Денот на Европа.

Пријателството помеѓу две држави е сувопарно се додека не станува збор за пријателство помеѓу градови и личности кое што е многу битно за нас, така да секоја наша соработка помеѓу институции, градови и лична соработка е нешто што сакаме да се развие понатаму – истакна амбасадорот Каранса.

 

Loading...

Градоначалникот Дамјановски рече дека пријателството со амабсадорот и општината започнало во предвечерието на деветти мај, кога градот стана интерес на сите медиуми во Европа, па од тогаш амбасадата има иницијатива за соработка во неколку полиња.

Амбасадорот даде многу убави иницијативи за можни соработки. Направивме многу варијанти се надеван дека оваа и наредната година ќе напарвиме се да се доближиме до градовите со европски предзнак кои го изодиле патот на интеграција кон Европа – рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

Инаку вечерва беше проектиран филмот „По еден пиштол за секоја рака“, а веќе утре на програмата е филмот „Метод“, а задутре филмот „Кучето на градинарот“ кои ќе бидат емитувани со почеток во 19 часот, а влезот за сите љубители на шпанската култура и кинематографија е слободен.