Американскиот претседател Доналд Трамп помилува две мисирки, Фридом и Федерс (Слобода и Пердуви), во вторник, продолжувајќи една од најочекуваните празнични традиции на Белата куќа.
Во вторник, Трамп рече дека им дава на мисирките „целосно, апсолутно и безусловно помилување, што значи дека ќе живеат вечно“.
– Фридом, од овој момент имате целосно и апсолутно помилување – ѝ рече Доналд Трамп на една од мисирките.
Претседателот изјави дека другата мисирка, Федерс, избегала во грмушките, но дека и таа ќе биде помилувана.
Фридром и Федерс беа врачени во понеделник во хотелот „Вилард Интерконтинентал“ во Вашингтон, каде што престојуваа во апартман пред да ја посетат Белата куќа.
Овогодинешната церемонија го одбележува 79-тото годишно доделување мисирки за Денот на благодарноста.
Настанот датира од 1947 година, кога Националната федерација на одгледувачи на мисирки за прв пат му подари мисирки на тогашниот претседател Хари Труман.
Сепак, претседателските помилувања не станаа традиција сè до 1989 година, за време на мандатот на претседателот Џорџ В. Буш.
HILARIOUS: President Trump pardons turkeys Freedom and Feathers, even after Feathers RUNS into the bushes: “As of this moment, have a complete and total pardon”
“What happened to Feathers? Feathers ran into the bushes. We’ll give Feathers a pardon also, right? I think we’ll give him a pardon.”
— RedWave Press (@RedWavePress) November 24, 2026
Како беа избрани Фридом и Федерс
Трамп ги претстави во вторник, истакнувајќи дека мисли дека нивните имиња се „добри, но дека ги слушнал подобро. Тие се прилично необични“, објави CBS.
Овогодишните мисирки ги одгледаа Скот и Беки Рајцел на нивната фарма во Форт Зајберт, Западна Вирџинија.
За Рајтселови, чие семејство ја обработува земјата со генерации, можноста да одгледуваат претседателски мисирки е круната на години работа.
„Ова е како Супербоул за одгледувачите на мисирки“, изјави Скот Рајцел за CBS News.
Мисирките пристигнаа на фармата на Рајцелови како млади птици во јули. Одгледувачите работеа на тоа да ги подготват за вниманието што доаѓа со појавувањето во Белата куќа.
Тие рекоа дека секој ден поминувале време со птиците за да ги навикнат на луѓето, гласните звуци, камерите и блицовите што го придружуваат таков настан.
– Ги избравме оние што имаа најдобар темперамент – изјави Рајцел за CBS News.
Сепак, темпераментот не беше единствениот фактор при изборот на мисирките што ќе патуваат во Вашингтон.
– Малку е како натпревар за Мис. Тие мора да бидат убави и да имаат добар темперамент – рече Рајцел.

Што ги чека Фридом, Федерс и нивните одгледувачи
По посетата на Белата куќа, Фридом и Федерс ќе патуваат на запад до Колеџ Стејшн, Тексас, каде што ќе го поминат остатокот од својот живот на Универзитетот во Тексас. Ова ќе биде прв пат мисирките за Денот на благодарноста да бидат пензионирани во Тексас.
Одделот за живинарска наука на Универзитетот во Тексас, најголемата програма од ваков вид во земјата, изгради нов дом со контролирана температура за птиците, кој има трем и пристап до отворено.
Покрај тоа, шест студенти на додипломски студии беа избрани да се грижат за мисирките секојдневно.
Иако „Фридом и Федерс“ ќе бидат поштедени, Националната федерација на одгледувачи на мисирки проценува дека околу 30 милиони мисирки сепак ќе завршат на трпезариските маси низ САД за време на овогодинешниот Ден на благодарноста.
Овогодинешната церемонија за помилување се одржа на новиот хелиодром во Белата куќа. Претседателот рече дека церемонијата следната година ќе се одржи во неговата нова балска сала, за која рече дека ќе биде „најсилната зграда некогаш изградена во оваа земја“.


