Шпанската полиција разби банда крадци од Источна Европа

Сподели со своите пријатели

Шпанската полиција соопшти дека успешно разбила криминална група составена од поранешни војници од источна Европа, која била вмешана во грабежи на луксузни куќи во провинцијата Малага, пишува Би-Би-Си.

Loading...

Шест лица се уапсени вчера, меѓу кои и водачот на групата, наводно од Албанија.

Бандата е поврзана со повеќе од 70 кражби во луксузни куќи и деловни простории, главно во одморалиштето Марбела.

Поранешни војници од Источна Европа

Од полицијата велат дека осомничените биле „многу вешти“ во грабежи и кражби, со оглед на тоа дека се работи за поранешни војници.

„Со познавање на воената техника користеле строги мерки на лично обезбедување и контранадзор додека се движеле пеш или во возила, менувајќи го правецот на движење или неочекувано застанувале“, се вели во соопштението на полицијата.

Се претпоставува дека во сите грабежи учествувал наводниот водач на групата, албански државјанин и дека секогаш носел огнено оружје.

Мета на бандата биле и куќите во Малага, како и во градовите Естепон и Торемолинос.

Од полицијата велат дека во најмалку четири разбојништва било употребено физичко насилство, а локален претприемач им помогнал да ги пронајдат и приведат сторителите.

Loading...

Националноста на останатите разбојници не е позната.