Шпанија, Словенија и Ирска бараат суспензија на договорот на ЕУ со Израел

Сподели со своите пријатели

Шпанија, Словенија и Ирска побараа Европската унија да го разгледа суспендирањето на Договорот за асоцијација со Израел, објави шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.

Во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на ЕУ во Луксембург, Албарес изјави дека овие три земји официјално побарале прашањето за суспендирање на договорот да биде вклучено на дневен ред и да се дискутира денес, објави Ројтерс.

Иницијативата следеше во рамките на пошироката дебата во рамките на ЕУ за односите со Израел и можните политички мерки во врска со актуелните конфликти и ситуацијата на Блискиот Исток, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран погуби маж поради врски со Израел и улога во немирите