Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска на состанокот на бизнис лидерите во Сингапур дека поради војната во Украина од клучно значење е Европската унија да ја прошири соработката со земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН).
Loading...
Шолц рече дека се надева на брз напредок во трговските преговори на ЕУ со Австралија, Индија и Индонезија и останува отворен за нови договори надвор од тој формат, пренесува Ројтерс.
„Продлабочувањето на соработката е од клучно значење, бидејќи сите чувствуваме дека геополитичкото тло се префрла под нашите нозе“, рече Шолц, кој во недела го посети Виетнам и по посетата на Сингапур ќе отпатува на самитот на лидерите на Г20 во Индонезија.