Шолц смета дека Камала Харис е искусен и компетентен политичар

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц смета дека американскиот потпретседател Камала Харис е искусен и компетентен политичар, изјави денеска портпаролот на германската влада.

Loading...

Неколку функционери одбија да коментираат за Ројтерс за тоа дали германската влада претпоставува дека Харис ќе биде демократски претседателски кандидат, велејќи дека владата во Берлин се подготвила за сите евентуални, вклучително и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп да освои уште еден мандат.

Владиниот портпарол рече дека Шолц се сретнал со Харис неколку пати, вклучително и во присуство на Бајден.

Бајден синоќа објави дека се повлекува од кампањата за реизбор, откако одби да го стори тоа претходниот месец.

Тој изрази уверување дека „во најдобар интерес на неговата партија и на земјата е“ да се пензионира и да се фокусира само на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат.

Бајден рече и дека ја поддржува Камала Харис како демократска кандидатка на претседателските избори, каде таа ќе му се спротивстави на Трамп, јави Танјуг.