Шојгу: Киев се обидува да создаде валкана бомба

Сподели со своите пријатели

Русија е свесна за обидите на Украина да создаде валкана нуклеарна бомба и нејзината подготвеност да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Loading...

Тој рече дека „САД и европските земји демонстративно ги игнорираат нуклеарните уцени на украинските власти, на пример, провокациите насочени против нуклеарната централа Запорожје“, која е под руска контрола, пренесува ТАС С.

Рускиот министер за одбрана најави дека Западот е заинтересиран да ја уништи економијата и воениот потенцијал на Русија.

– Главна цел на деструктивните напори на колективниот Запад е секако Русија. Уништување на нејзината економија, воен потенцијал, лишување од можноста да води независна надворешна политика – рече Шојгу на состанокот на мешовитата комисија на министерствата за одбрана на Русија и Белорусија.

Според неговите зборови, Вашингтон се обидува да ја искористи сегашната ситуација „за да го одржи глобалното лидерство и максимално да ги ослабне другите земји, вклучително и нејзините сојузници во Европа“.

– НАТО го зголеми бројот на војници распоредени во Источна и Централна Европа за 2,5 пати – на над 30.000 – изјави рускиот министер за одбрана.

Тој ги обвини западните земји дека поттикнуваат ескалација на конфликтот во Украина.

– Украинските вооружени сили постојано се пумпаат со модерно оружје и муниција. НАТО им дава разузнавачки информации, директно им ги посочуваат целите, испраќаат свои воени советници, странските платеници се префрлаат во вооружените сили на Украина, додека против нас се води војна со информации и санкции – рече Шојгу.

Loading...

Според него, „киевскиот режим прибегнува кон забранети методи на борба, вклучувајќи терористички напади, нарачани убиства, гранатирање цивили со тешко оружје, тие ги користат како жив штит“, пренесува Танјуг.

– Но, западните земји се трудат сето тоа да не го забележат. Згора на тоа, тие поттикнуваат ескалација на конфликтот во Украина – заклучи рускиот министер за одбрана.

Тој, исто така, додаде дека Русија и Белорусија вршат заедничко воено планирање и го нагласуваат зајакнувањето на борбените способности на војниците за време на заедничките воени вежби, јави ТАС С.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.