Шкотска не може на референдум за независност ако не дозволи Британија

[adrotate banner="26"]
Сподели со своите пријатели

Врховниот суд на Обединетото Кралство одлучи дека Шкотска не може да одржи втор референдум за независност без согласност на британската влада, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Шкотската премиерка Никол Старџен сакаше референдумот да се одржи на 19 октомври следната година, но судот едногласно одлучи дека таа нема овластување да го спроведе, пишува Би-би-си.

Судот го отфрли аргументот на Шкотска дека референдумот ќе биде советодавен и нема да има правно обврзувачки ефект за унијата на Шкотска и Англија.

Претседателот на судот, лорд Роберт Рид изјави дека референдумот предложен од шкотската влада ќе се однесува на прашање за кое може да одлучува само Парламентот на Велика Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тајван открил 24 кинески воени авиони во својата зона за воздушна одбрана

Владите на Обединетото Кралство и на Шкотска изнесоа аргументи пред судот во текот на два дена минатиот месец.