Шкотска: Над 50 црни делфини насукани на островот Луис

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 50 црни делфини се насукани на плажа на островот Луис во Шкотска, од кои само 10 се живи.

Loading...

Британската нуркачка служба за спасување на морски животни (BDMLR) соопшти дека утрово била алармирана од полицијата дека црни делфини се насукале во надворешните Хебриди, објави британскиот весник „Гардијан“.

БДМЛР изјави дека нивните локални лекари моментално им пружаат прва помош на црните делфини, а лекарите од околните области подготвуваат материјали и организираат транспорт до островот.

Службата во Обединетото Кралство примила повеќе од 3.000 повици за насукани морски видови на брегот на Обединетото Кралство минатата година, но обемот на денешниот инцидент е невообичаен.

Последен пат 70 делфини беа насукани во Шкотска, 19 од нив умреа во јули 2011 година во Сатерленд.

Црните делфини се најчувствителните видови на делфини на насукување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BDMLR (@bdmlr_uk)

Loading...