Апелациониот суд ја укина пресудата за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, во спорот против поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкулоска.
Во спорот со поранешната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска, Шилегов беше прогласен за виновен поради обвинување за Јанкуловска дека го зголемила нејзиниот имот за четири пати откако е на власт.
Според Апелациониот Суд во Скопје, во случајот Шилегов – Јанкуловска, не постои основа за клевета бидејќи податоците за имотната состојба на Јанкуловска се добиени од државни институции.
По објавените документи, на личниот профил на социјалната мрежа Фејсбук, портпаролот на СДСМ, Шилегов, напиша ”Првите сигнали дека напукнува системот?”, алудирајќи на донесената пресуда во негова корист.