Шилегов: Обвинителството работи под диктат на Груевски, Мијалков и Илиевски (видео)

Сподели со своите пријатели

Соопштението за смена на јавниот обвинител Јован Илиевски од предметот ”ПУЧ”, резултираше со прес конференција на Петар Шилегов пред зградата на ОЈО во Скопје.

Loading...

– Јавното обвинителство официјално соопшти дека јавниот обвинител Јован Илиевски е формално изземен од постапување по конструираниот предмет Пуч. Како  надреден јавен обвинител во Обвинителството за организиран криминал и корупција, Јован Илиевски не може да биде изземен од постапување по овој конструиран предмет, затоа што по принципот на хиерархија и субординација на обвинителството директно е надреден над обвинителот кој постапува во конструираниот предмет.

Согласно хиерархиската поставеност во Јавното обвинителство, баџанакот на Сашо Мијалков и извршителот на Никола Груевски, обвинителот Јован Илиевски, директно и индиректно има можност да влијае на одлуките што се однесуваат на предметот. Дополнително, Илиевски не може формално да биде изземен затоа што не постои ниту еден основ за негово изземање согласно Законот за кривична постапка.

Оттука, не може да постои ниту формална ниту неформална одлука за изземање на јавниот обвинител Јован Илиевски од постапувањето по конструираниот предмет. Со ваквата реакција и однесување Јавното обвинителство потврди дека работи под целосен диктат и контрола на Никола Груевски, Сашо Мијалков и Јован Илиевски, изјави Шилегов.

 

Leave a Reply