Шестмина Израелци повредени во ракетен напад од Либан

Сподели со своите пријатели

Најмалку шест Израелци се повредени во ракетен напад од Либан во средата, јавуваат израелските медиуми, пренесува Анадолија.

Loading...

Нападот се случил во северниот израелски пограничен град Араб ал-Арамше, објави „Тајмс оф Израел“.

Еден од повредените е во тешка состојба, соопштуваат.

Во екот на тензиите со Хезболах во израелските градови во близина на границата со Либан, утрово се огласија сирените.

Најмалку тројца команданти на Хезболах беа убиени во вторникот во израелски воздушни напади во јужен Либан.

Движењето Хезболах во Либан, поддржано од Иран, претходно објави дека базата Бранит, која се наоѓа на границата со Израел, била погодена три пати во различни периоди од ракети Буркан од иранско производство.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години

Во судирите меѓу израелската армија и Хезболах на граничната линија од 8 октомври 2023 година, загинаа 276 членови на Хезболах, 54 либански цивили, 18 движењето Амал, 13 Хамас, 12 членови на Исламскиот џихад, седум израелски цивили и 11 војници.

Да потсетиме, претседателот на Израел, Исак Херцог, денеска повика на глобална коалиција против Иран на средбата со министрите за надворешни работи на Велика Британија и Германија, Дејвид Камерон и Аналена Бербок во Ерусалим, соопшти кабинетот на Херцог.

Loading...

Во соопштението се наведува дека Херцог рекол дека целиот свет мора одлучно да се ангажира против заканата на иранскиот режим, кој, како што истакна, сака да ја поткопа стабилноста на целиот регион, пишува „Тајмс оф Израел“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)