Шест пожари вчера во околината на Куманово

Сподели со своите пријатели

Шест пожари избувнале вчера во околината на Куманово при што интервенирале припадниците на Територијалната противпожарна единица.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во атарот на селото Брзак горела сува трева и стрништа шри што интервенцијата траела од 13:23 до 23:50 часот.

Стрништа и сува трева гореле и во атарот на селата Лојане и Ваксинце каде интервенирале петмина пожарникари од 16:05 до 21:45 часот.

И во селата Ропаљле и Умин дол гореле сува трева и стрништа. Таму интервениерале четворица пожарникари од 20:05 до 21:45 часот.

Во атарот на селото Никуштак исто така гореле сува трева и стрништа при што четворица пожарникари гаснеле во период од 21:45 до 01:45 часот.

Тројца пожарникари гаснеле сува трева и стрништа во атарот на селото Романовце од 23:30 до 03:10 часот ноќва.

Во месноста Бавчи пак ореле сува трева и ѓубре. Таму интервенирале двајца пожарникари од 19:40 до 21:20 часот.

Во овој момент нема активни пожари.

Loading...

Никола Ивановски