Шест Ноемвриски награди годинава, ова се добитниците

Сподели со своите пријатели

Четири физички и шест правни лица од Куманово ќе го добијат највисокото општинско признание годинава „Ноемвриска награда“.

Loading...

Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признија при Советот на Општина Куманово донесе одлука од вкупно 28 апликации кои биле доставени, информираше советничката Невена Величковска.

Добитниците се:

Стефан Трајановски, лекар специјалист по ортопедска хирургија, вработен во Одделот за ортопедија во Општина болница Куманово, за неговата долгогодишна работа и посветеност во вршење на здравсетвената дејност во областа на ортопедска хирургија.

Проф. д-р Халим Хида, просветен работник и дипломат, во пензија, за неговата повеќедецениска творечка активност преку издавањето на многубројни научни трудови и публикации од областа на воспитно – образовната дејност.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен бегалец од кумановскиот затвор

Драган Колебен, ликовен уметник, организатор и учесник на многубројни ликовни изложви во државата и во странство, кој има изработено повеќе од 500 уметнички дела кои се препознатливи по неговиот специфичен стил на ликовно изразување.

Драган Петровиќ, фудбалер и капитен на Футсал репрезентацијата на Македонија, кој има осовено четири шампионски и три куп титули во македонското Футсал првенство и е прогласен за еден од најдобрите играчи од страна на Фудбалската федерација на Македонија.

Ноемвриска наградата ќе добијат и две правни лица:

Loading...

ИМП „Гроздановски“ ДООЕЛ Куманово, за 20-годишно успешно работење во областа на месната индустрија, односно во процесот на преработка на месо и производство на месни производи со врвен квалитет, почитувајќи ги професионалните стандарди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

КУД „Српски вез“ Куманово, за 10-годишното постоење и збогатување на културниот и забавниот живот во градот, негувањето, афирмацијата, и презентацијата на српскиот фолклор и културните традиции од нашиот град, успешното пренесување на знаења и обучување на најмладата популација и добиените многубројни награди и признанија при настапите на фестивали и концерти во државата и во странство.

Физичките лица ќе добијат и парична награда, додека правните лица наградата ќе ја примат само во вид на диплома.

 

Никола Ивановски