Шест лица загинаа во пожар во Нови Сад, меѓу нив четири деца

Сподели со своите пријатели

Во пожарот што избувна синоќа во населбата Салајка во Нови Сад, Србија, на аголот од улиците „Ѓорѓе Дера“ и „Давид Рацковиќ“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца, потврди министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ.

Loading...

Се претпоставува дека се членови на семејството кое живеело на таа адреса, а се сомнева дека пожарот го предизвикал скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.

Доктор Николина Мариќ од Итната помош за РТС изјави дека екипите се јавиле на повикот во 2 часот и 45 минути и дека не можеле ништо да направат, освен да констатираат смрт на неколку лица.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека шест лица, меѓу кои четири деца трагично ги загубиле животите во пожарот во Нови Сад.

„Во пожарот што избувна утринава, околу 3 часот, во куќата на улицата „Ѓорѓа Дере“ загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години“.

Се претпоставува дека се работи за членови на семејството кое живеело на таа адреса: Д. А. (29), М. С. (23), Е. А.(7), С. С. (5), Д. А. (4) и Л. А. (2).

Припадници на Управата за вонредни ситуации, девет пожарникари со две возила го изгаснале пожарот, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на настанот.

Се сомнева дека пожарот го предизвикал скутер кој бил приклучен на електричната мрежа.

Loading...

„Телата на жртвите се пренесени на обдукција во Центарот за судска медицина, а припадници на МВР интензивно работат на утврдување на сите околности на овој трагичен настан“, рече министерот.

Истрагата се уште е во тек.

Салајка е една од постарите градски населби на Нови Сад.