Шест лица осомничени за убиство на претседателскиот кандидат се приведени

Сподели со своите пријатели

Еквадор ќе притвори шест Колумбијци најмалку еден месец додека земјата ја истражува нивната вмешаност во убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој својот живот го посвети на борбата против корупцијата и криминалот, соопштија од Канцеларијата на главниот државен обвинител.

Loading...

Вчера беше одржан и погребот на Вилависенсио, за потесното семејство, додека јавна комеморација се одржа во главниот град на Еквадор, Кито.

Колумбијците беа уапсени во средата во врска со атентатот на Вилависенсио во Кито, кој се случи истиот ден.

Според полицискиот извештај, апсењето се случило во куќа во Кито, каде што се криеле осомничените, а на лице место биле запленети четири сачмарки, пушка калибар 5,56 мм, муниција, три гранати, автомобил и мотоцикл.

Националноста на мажите беше откриена вчера, и тие ќе бидат задржани во притвор најмалку 30 дена во очекување на истрага, но речиси сигурно ќе бидат задржани со месеци додека се одвива процесот.

Вилависенсио не беше кандидатот со најголеми шанси за успех на претседателските избори закажани за крајот на овој месец, но неговото убиство на сред бел ден ја шокираше нацијата и покажа дека следниот претседател на Еквадор ќе се соочи со пораст на криминалот.

Дивеењето на банди и картели однесе илјадници животи во последниве години.

Министерот за внатрешни работи на Еквадор Хуан Запата го нарече убиството на претседателскиот кандидат „политичко злосторство од терористичка природа“ со цел саботирање на предвремените претседателски избори на 20 август.

Loading...

Не беше соопштено дали осомничените се членови на банда, но Запата рече дека тие се поврзани со организиран криминал.

Додека бил жив, Виљавиченсио (59) тврдел дека му се заканувале сојузниците на мексиканскиот нарко картел Синалоа, пренесува Бета.