Шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахајан го назначи својот најстар син за престолонаследник на Абу Даби

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан го назначи својот најстар син Шеик Калед за престолонаследник на Абу Даби и неговите браќа на највисоките позиции во земјата, објавија државните медиуми.

Loading...

Шеикот Мохамед, кој минатата година стана претседател и владетел на Абу Даби, вчера го назначи својот брат Шеик Мансур за потпретседател на ОАЕ, објави Ројтерс.

Тој ги именуваше своите други браќа Шеик Тахнун бин Зајед Ал Нахјан, советник за национална безбедност на ОАЕ кој контролира голема деловна империја и Хаза бин Зајед Ал Нахјан за заменици владетели на Абу Даби.

Земјата со помалку од 10 милиони луѓе се гордее со својата политичка и економската стабилност, има еден од највисоките приходи по глава на жител во светот и е дом на милиони странски работници кои го сочинуваат мнозинството од работната сила, соопшти агенцијата.

Во 2020 година, Обединетите Арапски Емирати ги нормализираа односите со Израел во првиот од таканаречените Абрахамски договори, по што следуваа Бахреин, Мароко и Судан.

Во посебен декрет, шеикот Мохамед го назначи Шеик Калед за шеф на Извршниот совет на Абу Даби.

На почетокот на овој месец, шеикот Тахнун беше назначен за претседател на Инвестициската управа во Абу Даби, додека шеикот Мансур беше назначен за претседател на Мубадала, вториот по големина суверен богат фонд во Абу Даби, пренесува Танјуг.