Шефот на кинеската дипломатија ќе присуствува на состанокот на Г-20 во Делхи

Сподели со своите пријатели

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг на денешната прес-конференција соопшти дека шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 што ќе се одржи на 2 март во Делхи.

Loading...

„Групата Г20 треба да се фокусира на најважните предизвици за глобалната економија“, рече Мао Нинг, пренесе Ројтерс.

Според неа, Кина е подготвена да соработува со сите страни за да се осигура дека состанокот на министрите за надворешни работи на групата Г20 „испраќа позитивен сигнал за мултилатерализам“.