Шефот на Гаспром ги предупредува Германија и ЕУ: Имате уште два месеци!

Сподели со своите пријатели

Шефот на рускиот државен гасен гигант Газпром, Алексеј Милер денеска изјави дека во германското подземно складиште ќе има доволно гас уште два до два и пол месеци.

Loading...

Говорејќи на конференцијата „Русија енергетска недела“ во Москва, Милер ја предупреди Европа за последиците од откажувањето од рускиот гас, велејќи дека „нема гаранција дека Европа ќе ја преживее зимата врз основа на сегашниот капацитет за складирање гас“.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва е подготвена да продолжи со испораките на гас за Европа преку гасоводот Северен тек 2, кој води до Германија под Балтичкото Море.

Недостатоците во испораките на руски гас ги зголемија цените, поттикнувајќи ја инфлацијата и вршејќи притисок врз владите да помогнат во олеснувањето на вртоглавите сметки за енергија за домаќинствата и бизнисите.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.