Шеесет автобуси и стотина приватни коли ќе се упатат на собирот во Скопје

Сподели со своите пријатели

Над шеесетина автобуси и околу 100 приватни патнички возила се најавени да тргнат од Куманово денес на големиот народен собир на ВМРО ДПМНЕ пред Собрание во Скопје, соопшти претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Драган Петковски.

Loading...

Автобусите за превоз на членовите и симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ и коалициските партии вечерва во 18 часот ќе бидат паркирани на многу локации низ градот.

Бесплатниот превоз ќе биде достапен пред Спортската сала, нас. Зелен Рид (пред пошта), нас. Карпош (кај крстот), нас. Вера Которка, бул. Октомвриска Револуција (крстосница Ресторан Жмара), градски парк Соколана, спроти Комитет, во Бабин Дол, с. Орашац, Режановце, Романовце, Пчиња, Студена Бара, нас. Доброшане (кај поранешна Кланица), и останати локации во градот и околните места, соопшти Петковски.

Leave a Reply