Шангај сè уште е во карантин, поостра примена на мерките против ковид

Сподели со своите пријатели

Властите во Шангај најавија дека ќе ја заострат примената на рестриктивните мерки со цел да се потисне ширењето на корона вирусот, кој го става овој град со 25 милиони жители во петтата недела на карантин.

Loading...

Новите мерки вклучуваат поставување електронски аларми за спречување на заразените да излезат од куќата, како и евакуација на луѓето за дезинфекција на нивните домови.

 

Британско разузнавање: Путин мораше да се откаже од нападот на Азовстал, еве кои се причините

 

Според властите, сите заразени пациенти и нивните блиски контакти ќе бидат префрлени во централизиран карантин, јавува Би-би-си.

„Нашата цел е да постигнеме што е можно поскоро да нема инфекција со Ковид во заедницата“, соопшти владата.

 

Loading...

Украина побара велигденско примирје, Русија одби

 

Надлежните сметаат дека следи позитивен тренд и дека животот наскоро би можел да се нормализира, доколку граѓаните строго се придржуваат до рестриктивните мерки.

Според последните податоци, во Шангај се регистрирани околу 16.000 новозаразени, а 11 починале.