Шаленберг: Русија секогаш ќе биде важна за Европа, се друго е заблуда

Сподели со своите пријатели

Русија секогаш ќе остане важна за Европа, а секое друго гледиште би било погрешно, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг.

Loading...

Тој, исто така, ја бранеше најголемата банка во земјата, Рајфајзен банка интернационал, велејќи дека е неразумно да се нагласи нејзиниот континуиран бизнис во Русија, кога многу други западни фирми го направија истото.

– Мислењето дека повеќе нема да има Русија и дека можеме да се одвоиме во сите области е заблуда – изјави Шаленберг за Ројтерс.

Тој додаде дека Австрија ги олабавува тие врски, но дека „тоа не може да се случи преку ноќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

– Достоевски и Чајковски остануваат дел од европската култура, сакале ние или не. Русија ќе продолжи да биде нашиот најголем сосед. Ќе остане втора по големина нуклеарна сила во светот – рече Шаленберг.

Австрија, која се обиде да се позиционира како мост меѓу Истокот и Западот, претворајќи го нејзиниот главен град Виена во магнет за руски пари, е дел од поширокиот западен сојуз кој воведе санкции кон Русија по нејзиниот напад врз Украина, наведува Ројтерс.

Австрија продолжува да увезува руски гас, иако настојува да го намали во наредните години, а некои австриски официјални лица се надеваат на брз крај на војната и враќање на нормалните односи со Русија, изјавија за Ројтерс извори запознаени со ова прашање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Шаленберг ја даде изјавата откако американските власти за санкции започнаа истрага против Рајфајзен банка Интернешнл поради нејзините операции во Русија, зајакнувајќи ја контролата врз австрискиот заемодавач кој игра клучна улога во руската економија.

Loading...

Тој рече дека на Австрија е да ги спроведе санкциите и посочи на другите западни банки, вклучително и американските, кои работат во Русија.

Австрискиот министер изјави дека се залага за спроведување на постоечките европски санкции, а не за воведување нови мерки против Русија.

– Тоа е многу тапо оружје. Имавме огромни пакети санкции. Дајте им време за работа – нагласи Шаленберг.