Шаќири: Ги повикувам наставниците да продолжат со настава, местото на учениците е во училиште

Сподели со своите пријатели

Aпелирам до сите општествени чинители, а особено до СОНК и до наставниците, кога носат одлуки и постапуваат да се водат од најдобрите интереси на учениците. Да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година и да ја почнат подготовката или реализацијата на веќе зацртаните планови за иднината. Тоа е наша заедничка должност, законска, етичка и морална обврска и верувам дека доколку не од утре, веќе од понеделник воспитно – образовниот процес ќе се нормализира, а со тоа и секојдневното функционирање на многу семејства во чии домови има ученици.

Loading...

Ова го кажа министерот на образование и наука Јетон Шаќири во денешното обраќање до јавноста, во кое побара од Синдикатот и од наставниците дoдека трае социјалниот дијалог да продолжи редовната настава. Министерот најави и дека ќе испрати писмо до СОНК и до неговото членство, со вакво барање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ДИК ги обработи скоро сите гласови: Гласале скоро половина од граѓаните!

„Поради пандемијата изгубивме речиси две години од животот и учењето на учениците и на сите нас, а сега повторно се соочуваме со комбинација на енергетска криза, раст на цени, војна, бегалска криза, блокада на интеграцискиот пат, итн. Во сите овие драматични случувања, непосредно пред крајот на учебната година, Синдикатот за образование, наука и култура одлучи да го искористи правото на штрајк, што е уставно и законски загарантирано, и јас целосно го почитувам. Но, сепак сметам дека синдикалното раководство треба да даде предност на социјалниот дијалог, кој е докажано најдобриот механизам за надминување на несогласувања и проблеми“, изјави Шаќири.

За барањето на наставниците за покачување на платите, министерот повтори дека е легитимно и појасни дека заложбата на Владата за подобрувањето на стандардот резултираше со зголемување на минималната плата на почетокот на минатиот месец. Со минималната плата ќе се усогласат и сите останати, вклучително и оние во образованието, каде дополнително и ќе следи зголемување за одреден процент за кој во моментов се преговара.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

„Дијалогот ќе продолжи се до изнаоѓање на конечно и заедничко прифатливо решение за сите засегнати страни. Она што како министер го барам, а верувам дека исто мислат сите одговорни граѓани, е – да ги вратиме учениците во училиште, затоа што не смееме да дозволиме да губат од наставата и учењето. Тоа ќе создаде дополнителни празнини во знаењата кои понатаму тешко или воопшто не се надоместуваат“, дециден беше министерот Шаќири.

Тој, обраќајќи им се на наставниците, рече дека е секогаш на нивна страна, и како најважна алка во образовниот процес дека заслужуваат општествено признание за својот труд во градење на иднината на оваа земја. Наставниците треба да бидат мотивирани за работа и преку подобри услови и повисоки плати, и на тоа работат МОН и Владата. Но, исто толку се важни и учениците, како оска на секоја образовна политика која ја креираме, и нивното место е во училиште.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

Министерот Шаќири побара од сите уште еднаш да размислат дали е в ред да бараат почитување на своите права преку кршење на правото на учениците за образование.

Министерство за образование и наука

Loading...