Севернокорејски хакери украле криптовалути вредни 530 милиони долари (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Зад најголемата кражба на криптовалути во светот, според сомневањата, стои Северна Кореја. Имено, минатиот месец извршен е хакерски напад врз една од најголемите јапонски берзи за криптовалути – Коинчек, од која се украдени дури 530 милиони долари.

НОВ УДАР: Банките забранија продажба на биткоин со кредитни картички

Loading...

Украдени се во криптовалутата XEM од дигиталните паричници на над 260 илјади корисници на Коинчек. Компанијата призна дека не користела неопходни мерки за заштита од сајбер напади, поради што вети дека на оштетените ќе им ги врати парите од сопствени средства.

Јапонските власти најавија дека ќе ги зголемат безбедносните мерки на сите криптоберзи во земјата за да се откријат евентуални безбедносни пропусти.

Биткоинот бележи најниско ниво од ноември

Иако крадците се уште не се идентификувани, јужнокорејската Национална разузнавачка служба на пратениците во парламентот им соопштила дека е можно Северна Кореја да стои зад сите грабежи. Тие додале дека оваа земја веќе во повеќе наврати минатата година извршила сајбер напади врз берзите на криптовалутите во Јужна Кореја и украле десетина милиони долари.

Изворите наведуваат дека јужнокорејската служба не дала конкретни докази за своите тврдења, но дека Северна Кореја, која е економски и политички изолирана, во секој случај има мотив за таква кражба. Аналитичарите сметаат дека Северна Кореја е соочена со последиците од меѓународните санкции кои ги вовел Советот за безбедност на ОН поради повторени тестирања на нуклеарното оружје и балистички интерконтинентални ракети, па сега се обидува да дојде до криптовалути за да ги замени за неопходните девизи.

Се воведува данок на биткоинот

Криптовалутите, кои на корисниците им овозможуваат анонимност и кои се слободни од регулација, можат да бидат користени за авторитарни режими како Ким Џонг Ун за да се избегнат санкциите и да се добие пристап до странски девизи и пазари.

– Северна Кореја континуирано бара начини да дојде до странски девизи, а еден од нив е да краде или бара исплати во биткоин или други криптовалути, рекла Тара О од Пацифик Форум CSIS.

Се гаси платформата на биткоин

Хакерите од  Северна Кореја минатата година нападнале три јужнокорејски криптоберзи. Кога Yobit, берза сместена во Сеул, во декември прогласи банкрот откако загуби 17 отсто од својот имот во сајбер нападот истражителите се посомневале на севернокорејските хакери.

https://www.facebook.com/danmurphycnbc/videos/1990075977914757/

Loading...

Освен тоа, Северна Кореја е обвинета во мај минатата година дека организирала глобален сајбер напад врз илјадници приватни и слижбени компјутери со помош на озогласениот  ransomware WannaCry, кој ги криптира податоците на заразениот компјутер и наплаќа на сопствениците неколку стотици долари за да повторно го добијат назад.

Leave a Reply