Северна Кореја сега може превентивно да пука со нуклеарно оружје

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја усвои нов закон кој ѝ дава право да изврши превентивен нуклеарен напад во самоодбрана, потег што, според лидерот Ким Џонг Ун, го прави статусот на земјата како нуклеарна сила „неповратен“ и забранува какви било разговори за денуклеаризација, објавија денеска државните медиуми.

Loading...

Овој потег доаѓа откако набљудувачите велат дека Северна Кореја се подготвува да продолжи со нуклеарни тестови за прв пат од 2017 година, откако историските самити со тогашниот американски претседател Доналд Трамп и другите светски лидери во 2018 година не успеаја да го убедат Ким да се откаже од неговата програма за нуклеарно оружје.

Врховното народно собрание вчера донесе нов закон, јави државната новинска агенција КЦНА.

„Најголемото значење на легализирањето на политиката за нуклеарно оружје е тоа што повлекува линија на неповратност што значи дека нема второ погодување за нашето нуклеарно оружје“, рече Ким во говорот пред пратениците.

Северна Кореја веќе се прогласи за нуклеарна земја со устав, но новиот закон оди чекор понатаму со тоа што прецизира кога тоа оружје може да се користи – како одговор на напад или за запирање на инвазија.

Законот дозволува и превентивен нуклеарен напад доколку се открие непосредна закана од напад со оружје за масовно уништување или напад врз „стратешките цели“ на земјата.

Законот, исто така, забранува размена на нуклеарно оружје или технологија со други земји, наведува агенцијата.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден понуди средба со Ким во секое време и каде било, а јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол вети огромен пакет помош доколку Пјонгјанг почне да се откаже од својот нуклеарен арсенал.

Loading...

Северна Кореја ги отфрли понудите, велејќи дека САД и нивните сојузници продолжуваат да спроведуваат „непријателска политика“ во форма на санкции и воени вежби.

„Сè додека има нуклеарно оружје во светот, додека постои империјализам, се додека престанат воените вежби на САД и нивните следбеници против нашата земја, зајакнувањето на нашата нуклеарна сила нема да престане“, рече Ким.