„Северна Кореја ќе продолжи да ја проширува соработката со Русија“: Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се сретна со рускиот безбедносен претставник Сергеј Шојгу за да разговараат за продлабочување на стратешкиот дијалог меѓу двете земји, објави во саботата државниот медиум КЦНА.

Loading...

Тие разговараа за „широка размена на мислења за регионалните и меѓународните ситуации“ и постигнаа задоволителен консензус за проблемите, вклучително и поголема „соработка во одбраната на заедничките безбедносни интереси“, објави КЦНА.

Ким Џонг Ун рече дека Северна Кореја ќе продолжи да ја проширува соработката со Русија во согласност со стратешкото партнерство на двете земји, објави КЦНА.

САД и Украина, како и многу други земји и независни аналитичари, тврдат дека Ким ѝ помага на Русија во војната во Украина со тоа што и обезбедува ракети и проектили во замена за економска и друга воена помош од Москва.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина: Русите со дронови нападнаа енергетски објекти во Суми

Москва и Пјонгјанг ги отфрлија обвинувањата, но ветија дека ќе ја зајакнат својата воена соработка и потпишаа сеопфатно стратешко партнерство во јуни.

Шојгу, поранешен руски министер за одбрана, а сега секретар на Советот за безбедност, навести почеток на поблиски односи меѓу Северна Кореја и Русија за време на неговата посета на Пјонгјанг минатиот јули.