Полицијата во Северна Ирска предупреди дека личните информации за полицајците, кои ненамерно биле споделени минатата недела, завршиле во рацете на ирска милитантна група, изјави началникот на полицијата.
Loading...
„Сега сме убедени дека документ со информации за вработени во северноирската полиција е во рацете на дисиденти републиканци“, изјави началникот на северноирската полиција Сајмон Барн, пренесе Ројтерс.
Властите, додаде тој, претпоставуваат дека оваа група ќе ги користи информациите што ги добила со цел „да предизвика страв, неизвесност и заплашување на полицајците и персоналот“.