Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јо Јонг повтори дека Северна Кореја никогаш нема да се откаже од својата програма за развој на нуклеарно оружје, отфрлајќи ги повиците на САД и нивните азиски сојузници Пјонгјанг да се откаже од таквото оружје.
На овој начин таа одговори на поканата испратена од минатонеделната средба на највисоките дипломати од САД, Јужна Кореја и Јапонија, пренесе АП.
Ким Јо Јонг оцени дека повиците до Северна Кореја да се откаже од нуклеарното оружје претставуваат понепријателски чин и негирање на севернокорејскиот суверенитет, пренесува Танјуг.
Таа истакна дека Северна Кореја развива нуклеарно оружје за самоодбрана.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги игнорира повиците на САД и Јужна Кореја за продолжување на разговорите за денуклеаризација на Северна Кореја.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека повторно ќе се обиде да ја оживее дипломатијата со Северна Кореја, но Пјонгјанг се уште не одговорил на понудата.
Трамп и Ким се сретнаа три пати за време на првиот мандат на Трамп.
Тие не постигнаа договор за укинување на западните санкции против Северна Кореја во замена за прекин на севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.