Сенатот го одобри буџетот на САД тежок 300 милијарди долари

Сподели со своите пријатели

Сенаторите објавиле дека е постигнат договор за буџетот за наредните две години, кој предвидува поголеми расходи за одбраната и другите домашни програми, а како што наведува Ројтерс, се работи за цифра од 300 милијарди долари.

Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот на САД Мич Мекон и лидерот на демократите Чак Шумер разговарале со сотанатите сенатори со цел да се избегне нова блокада на работата на Владата на САД, пренесува Гласот на Америка.

Како што наведува медиумот, допрва претстои гласање во Претставничкиот дом на Конкресот на САД, а лидерката на демократското малцинство во тој дом ненси Пелоси рекла дека и таа и голем број демократи ќе гласаат против предлогот на буџетот доколку нема гаранции дека во рамките на тоа ќе се гласа и за имиграцијата.

Минатиот месец, Владата на САД три дена не работеше откако двете партии во Конресот не успеаја да се договорат околу прашањето за имиграцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД на чекор да го забранат ТикТок, но зошто?

Leave a Reply