Семејството на загинатиот студент од Замбија бара објаснување од Москва како починал во Украина

Сподели со своите пријатели

Семејството на загинатиот 23-годишен студент од Замбија, кој беше осуден на затвор во Русија, а потоа регрутиран да се бори во Украина, бара од Москва објаснување за неговата смрт.

Loading...

Лемехани Натан Ниренда бил осуден на девет години затвор за дрога, но бил ослободен и распореден на фронтот во Украина, каде што почина во септември.

„Сакаме да знаеме како бил регрутиран што семејството не било информирано за тоа? Дали беше принуден?“, рече неговата постара сестра Музанг’алу Нџиренда, пренесе Би-Би-Си.

Сестрата додаде дека семејството е уништено.

Министерот за надворешни работи на Замбија, Стенли Какубо изјави дека починатиот студирал на Московскиот инженерски институт и дека Замбија бара објаснување зошто бил испратен во Украина и како починал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Многу Замбијци се шокирани од таа вест, но и погодени од фактот што владата на нивната земја не дала информации што би ги разјасниле околностите што доведоа до испраќање на студентот на фронтот во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.