Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи, екипите на ТППЕ Куманово во текот на раните утрински часови бележат една интервенца на опожарена семејна куќа на ул. Иво Лола – Рибар од 00,05 до 01,25 часот.
Дежурната екипа интервенирала со едно ПП возило и шестмина пожарникари. Причина за пожарот како и висина на материјалната штета допрва ќе се утврдува, се вели во соопштението на РЦУК.