Секторот за урбанизам од Куманово апелира сопствениците да ги отстранат руинираните објекти

Сподели со своите пријатели

Секторот за урбанизам на Општина Куманово денеска апелираше до сопствениците на склонопадни објекти да интервенираат и да ги отстранат.

Loading...

– Водиме постапки од она што ќе го видиме на терен, постапуваме по службена должност, односно комисијата формирана од градоначалникот постапува по службена должност меѓутоа и по претставки од граѓани. Комисијата излегува, носи решение согласно Законот за градење го доставува до имателите на склонопадниот објект меѓутоа некои иматели не се совесни да го отстранат. Јас морам да кажам дека има и друга страна на приказната има и совесни граѓани коишто на пример од улицата „Илинденска“ самите дојдоа да се запознаат која е законската постапка да ги отстранат своите склонопадни објекти бидејќи ја загрозуваат безбедноста на граѓаните. Апел е сите кога ќе добијат решение од наша страна изготвено, каде што даваме законски рок, да го отстранат објектот подобро на свој трошок – изјави раководителката на Секторот за урбанизам, Емилија Сларидис Јаневска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски: Ќе бидеме дел од новата Владата, поддршката од граѓаните сериозно ја чувствуваме

Доколку објектот го отстранува општината, тогаш чини многу повеќе, бидејќи Куманово ги наплаќа средствата преку извршител. Во моментов во Куманово има околу 15-тина објекти, а бројките се менуваат речиси секој месец.

Општина Куманово склучи договор со оператор за присилно административно извршување на правосилни извршни управни акти и рушење на објекти кои се без одобрение за градење како и за склонопадни објекти во март, годинава.