Контроверзниот британски инфлуенсер Ендру Тејт, кој е под истрага на романските власти повеќе од една година под различни обвиненија, вклучително и силување и трговија со луѓе, сега е во нов проблем.
Судот во Романија нареди Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан да бидат притворени во времетраење од еден месец додека обвинителите ги истражуваат новите обвиненија против нив, вклучително и секс со малолетни девојчиња.
Тој и неговиот брат, Тристан Тејт, се појавија на суд во четвртокот за да им биде одреден домашен притвор до 30 дена.
Обвинителите започнаа нова истрага за 35 наводни жртви, вклучително и девојка која имала 15 години во времето кога наводно имала секс со неименуван странски државјанин.
Вкупно шест лица, Романци и странци, се приведени, се наведува во соопштението на романската агенција за борба против организираниот криминал (ДИИКОТ).
Случајот против мене е „измама и лаги. Ова е местенка и е апсолутно одвратно“, рече Тејт бесно обраќајќи им се на новинарите.
„Триесет девојки велат дека не направивме ништо лошо. Меѓу нив има две кои се мајки на нашите деца, а другите две никогаш не биле во Романија“, рече тој.
Тејт одби да одговори на прашањата на Би-Би-Си за наводите дека имал секс со 15-годишно девојче и за трговија со деца.