Секретарот на рускиот совет за безбедност Шојгу во посета на Пјонгјанг

Сподели со своите пријатели

Секретарот на рускиот совет за безбедност Сергеј Шојгу денеска пристигна во Пјонгјанг, каде ќе се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, пренесоа руските агенции, додека Северна Кореја објави дека тестирала нов противвоздушен ракетен систем.

Loading...

Шојгу, поранешен министер за одбрана, ја започна својата посета со положување венец на споменикот во чест на војниците на Црвената армија кои го ослободија северниот дел на Корејскиот полуостров од јапонската окупација на крајот на Втората светска војна, пренесува Тас.

Северна Кореја и Русија ја зајакнаа воената соработка во последните месеци.

Двете земји потпишаа договор за заемна одбрана за време на ретката посета на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја минатата година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинските војници го опишаа повлекувањето од Курск. „Беше хаотично“

Западот и Јужна Кореја го обвинуваат Пјонгјанг дека испраќа војници на украинскиот фронт.

Северна Кореја денеска објави дека тестирала противвоздушен ракетен систем, а тестирањето го надгледувал Ким Џонг Ун.

Официјалната севернокорејска новинска агенција KCNA објави фотографии од проектили испукани од аеродромска писта и експлозии во море, без да прецизира кога се случило тестирањето.