Доколку сакате бел лук во јадењето, а не сакате рацете да ви мирисаат по лупењето, тогаш оваа видео е за вас.
Паметни и досетливи луѓе конечно пронајдоа начин како да се излупи белиот лук, а да не мора воопшто да го допирате. Трикот не е комплициран, ниту бара некои посебни апарати.
Се што ќе ви биде потребно е главица лук и стаклена тегла со поклопец. Целата флавица лук само ставете ја внатре и протресете. По десетина секунди ќе отпадне горниот дел, џврстиот дел кој можете да го извадите да не пречи, а вие да продолжите да ја тресете теглата и набргу ќе забележите дека целата кора отпаднала.
Доколку немате тегла при рака, можете да искористите две метални здели или било која друга здела поклопена со нешто. Обично да не е преголемо и чешничето да се одбива од краевите.
Оваа видео може добро да дојде во зимските денови кога грипот се заканува од сите страни.