Како што информира ТППЕ Куманово, во текот на вчерашниот ден, пожарникарите речиси седум часа се бореле со огнена стихија од запалена нискостаблеста шума во близина на с. Орашац, кај Искрин мост над реката Пчиња.
Loading...
Интервенцијата започнала некаде после 13 часот и траела до 20 часот навечер, кога било интервенирано со едно ПП возило и неколку пожарникари.
Материјалната штета не е позната, како и причината што довело до опожарување на нискостеблестата шума.