Седум загинати во пожар во Ница, Франција

Сподели со своите пријатели

Седум лица загинаа во пожар што во четвртокот вечерта избувна во станбена зграда во Ница на југоистокот на Франција, соопштија пожарникарите.

Loading...

Се уште не е познато што го предизвикало пожарот што избувнал на седмиот кат од зградата во квартот Мулен во работничкиот дел на градот.

 

 

И покрај големите напори, „за жал, седум лица загинаа за време на пожарот“, соопштија од итните служби.

Три лица итно се префрлени во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Масовно труење во хотел: Над 100 луѓе заразени, вклучувајќи и бебе

Во гаснењето на пожарот учествувале 72 пожарникари.

Loading...