Седум борци на КБК „Предатор“ ќе учествуваат на „Трофеј Белград“

Сподели со своите пријатели

Сседум борци на Кик-бокс клубот „Предатор“ од Куманово претстојниот викенд ќе учествуваат на Меѓународниот кик-бокс турнир „Трофеј Белград“ во Србија.

Loading...

На турнирот учество ќе земат Блашко Денковиќ, Луна Димитриевска, Макс Спасовски, Вилиам Трајковски, свое дебитирање ќе имаат Стефан Лозановски и Данило Методиевски, а ќе учествува и актуелниот државен првак на Македонија Симона Денковиќ.

Сите учесници се на возраст од 11 до 17 години.

Од клубот упатуваат голема благодарност до Кик-бокс федерацијата на Македонија и компанијата „Бучен козјак“ кои ќе ги покријат трошоците за учеството на овој меѓународен спортски настан.

Освен КБК „Предатор“ боите на Куманово ќе ги брани и КБК „Куманово 2006“, а учество ќе земат и други клубови од државата и регионот.

Никола Ивановски