На одржаниот Државен натпревар во стрелаштво што се одржа во Охрид на 4 декември, учество земаа и учениците од СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” од Куманово.
Во машка конкуренција, ученикот Драгослав Бошковски го освои седмото место со вкупно 156 освоени поени, Златко Јовановски беше осми, додека победник со 170 освоени поени доаѓа од Прилеп.
Во женска конкуренција, ученичката Ксенија Петковиќ беше седма со 156 освоени поени, додека победата со 178 освоени поени и припадна на ученичка од Битола.
Менторот Драган Илиевски, инаку професор во СОУ Гимназија ”Гоце Делчев” вели дека е задоволен од постигнатите резултати потенцирајќи дека победниците на Државниот натпревар во Охрид се сепак професионални стрелци кои повеќе години членуваат во професионални стрелачки клубови и постигнуваат врвни резултати.
Илиевски во оваа прилика се заблагодари на приватната фирма ”Босут” за донација на нови стрелачки пушки и дијаболи и помагање во вкупната подготовка, како и до Општина Куманово која обезбеди превоз на учениците до Охрид.