Се запали автомобил во движење на автопат Куманово-Табановце

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило „бмв“ се запалило во движење на автопатот Куманово-Табановце, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и полицијата. Во пожарот нема повредени лица.

Loading...

– Вчера во 12:15 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во патничко моторно возило во движење на автопатот Куманово – Табановце во сопственост на Д.С.(26), соопштија од полицијата.

Екипа на противпожарна единица од Куманово интервенирала и го изгасила пожарот на возилото „БМВ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  23-годишник од Куманово физички го нападнал својот татко