Се урна воен авион во Судан: Над 20 лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 20 лица загинаа кога авион на суданската армија се урна во предградието на Картум, објави Ројтерс, повикувајќи се на воени и болнички извори.

Loading...

Меѓу загинатите во несреќата што се случи во вторникот има и цивили.

Животот го загуби и поранешниот командант на воениот регион Картум, генерал Бар Ахмед.

Се тврди дека причината за несреќата е техничка по природа.

Армијата соопшти дека авионот Антонов се урнал при полетување од воениот аеродром Вади Сејдна, пренесе АФП.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голема промена во Ватикан, папата Франциско нареди да започне оваа практика