Се урна тераса среде свадба, еден загинат, 40 повредени: Трагедија на свадба во Франција!

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина, а околу 40 се повредени кога се урна тераса од сала во департманот Кантал во Франција додека гостите славеле свадба.

Loading...

Трагедијата се случила во саботата на 27 јули среде свадба.

Една жена (69) загина, а околу 40 лица се повредени, јавуваат француските медиуми.

За време на венчавката во повеќенаменската сала имало околу 150 луѓе.

Терасата се урнала додека на неа имало неколку десетици луѓе.

Лицето кое загина при уривањето на оваа тераса е 69-годишна жена која доживеала срцев удар и Брзата помош не успеала да ја реанимира.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аргентинскиот претседател ќе забрани операција за промена на полот за малолетници

Како што јавија француските медиуми, 39 лица се евакуирани во неколку болници.

Дополнително на лице место помош добиле 10-тина лица кои не се хоспитализирани.

Loading...

По пристигнувањето на местото на настанот, полицијата констатира целосен хаос, а во тек е истрага за да се открие како дошло до колапсот.