Фитнес зона со справи за вежбање ќе добие Куманово на паркинг просторот пред Соколана.
Loading...
– Активно се работи на реконструкција на паркинг просторот кај Соколана. Следува поставување на плато за фитнес зона со справи за вежбање, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.
Loading...
Претходно кај комплексот беа реконструирани двете игралишта, а паралелно се одвива и реконструкцијата на внатрешноста на Спортската сала Соколана.
Во меѓувреме целосно нов лик доби и истоимениот парк кој се наоѓа во рамките на комплексот.
Никола Ивановски