Се удавија 50 мигранти од Западна Африка при обид да стигнат до Шпанија

Сподели со своите пријатели

Се стравува дека околу 50 мигранти се удавиле додека се обидувале да стигнат до Шпанија со брод од Западна Африка, соопшти денеска групата за заштита на мигрантите „Walking Borders“.

Loading...

Мароканските власти спасија 36 мигранти вчера од чамец што тргна од Мавританија на 2 јануари, додаде невладината група, со седиште во Мадрид и Навара, пренесе Ројтерс.

Според нив, бродот превезувал 86 мигранти, меѓу кои 66 Пакистанци.

Рекордни 10.457 мигранти, или 30 луѓе дневно, ги загубиле животите во 2024 година обидувајќи се да стигнат до Шпанија од Западна Африка, главно додека се обидувале да го преминат Атлантскиот Океан до Канарските Острови, соопшти групата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку двајца убиени во пукање во училиште во Словачка

Највисокиот функционер на регионот на Канарските Острови, Фернандо Клавихо, изрази жалење за жртвите, повикувајќи ги Шпанија и Европа да преземат акција за да се спречат натамошни трагедии.