Се топи богатството на Маск: Падот на акциите на Тесла го спушти на третото место во светот

Сподели со своите пријатели

Падот на акциите на американската компанија Тесла на најниско ниво во претходните 10 месеци предизвика сопственикот и извршен директор на таа компанија, Илон Маск, да падне на третото место на најбогатите луѓе во светот, зад Бернард Арно и Џеф Безос.

Loading...

Акциите на Тесла паднаа за 4,5 отсто на под 170 долари, откако аналитичарите во Велс Фарго го намалија рејтингот на акциите за продажба, нарекувајќи ја Тесла „компанија која расте без раст“ и поставија целна цена на акциите на Тесла од 120 долари и предвидувајќи пад од 30 отсто, на она што  би били најниската цена на акциите од јануари 2023 година, објави Блумберг.

Тој пад го намали богатството на Маск за четири милијарди долари на 192 милијарди долари, според проценките на Форбс, па сега најбогат човек во САД е основачот на Амазон Џеф Безос, чие богатство порасна на 195 милијарди долари.