Се судрија авион и автомобил во Тексас (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мал авион со пропелер се излизгал од пистата при слетување на аеродром во Тексас, пред да се лизне и да удри во автомобил што минувал по блискиот пат, јавува денеска Би-би-си.

На видеото снимено од случаен минувач Џек Шнајдер се гледа како авионот лета низ ограда за време на итно слетување.

„Го видов авионот како брзо се спушта по пистата. Знаев дека нема да има време да застане“, изјави Шнајдер за локалната телевизија VFAA-TV, велејќи дека се движел пребрзо, а гумите чаделе.

Возачот на автомобилот со полесни повреди е пренесен во болница, а двете лица во авионот не се повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зошто Трамп им се заканува на сојузниците за Гренланд? Еве како Арктикот стана една од најважните воени точки

Федералната управа за авијација ги истражува причините за несреќата.