Се шират снимки: Еве како Украинците ја нападнаа Москва со камиказа дронови! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Украина го изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала врз Москва, при што руските противвоздушни единици уништија најмалку десет беспилотни летала, изјави утринава градоначалникот на Подолск, град на 38 километри јужно од Москва.

Loading...

 

 

– Системите за противвоздушна одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите на непријателските авиони. Некои од нив беа уништени над Подолск. Ова е еден од најголемите обиди да се нападне Москва со беспилотни летала. Сè уште ја следиме ситуацијата – напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на Телеграм.

 

 

Loading...

 

Собјанин додаде дека нема повредени или материјална штета.

Во последните месеци Украина постојано испраќаше дронови кон Москва, но без значителни последици.

 

 

Руските власти велат дека нападот врз Москва е дел од поширок напад со беспилотни летала, при што противвоздушната одбрана запрела 18 авиони над Брјанск и неколку други региони.