Се реконструира училиштето во село Речица (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна санацијата на покривот на подрачното основно училиште „11 Октомври“ во кумановското село Речица, соопштија денеска надлежните.

Loading...

 

 

– Во тек е реконструкција на кров и подови во објектот на „11 Октомври“ – подрачно училиште во с. Речица, објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

Претходно, заврши тендерот за избор на компанија која го санира кровот на подрачното училиште „11 Октомври“ во кумановското село Речица.

 

 

На јавниот повик објавен од општината за санација на покривот на училишната зграда се пријавиле десет компании, а избрана е фирмата „БФ-АДИС“ од липковското село Отља.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 18-годишник од Куманово поради кражба

 

 

Loading...

За реконструкција, општината ќе одвои 1.180.000 денари со вклучен данок на додадена вредност.

 

 

Во подрачното училиште во село Речица настава следат триесетина ученици од кои две се комбинирани паралелки.

 

 

Loading...

Подрачното училиште на „11 Октомври“ во село Речица функционира од шеесеттите години од минатиот век.

 

МИА