Се реконструира училиштето во кумановско Агино село (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна реконструкцијата на подрачното училиште „Кирил и Методиј“ во Агино село, Кумановско, соопштија денеска надлежните од општина Куманово.

Loading...

– Во тек е целосна реконструкција на ООУ „Кирил и Методиј“ – подрачно училиште Агино село.

 

 

Проектот е во реализација на Министерството за образование и наука, во соработка со Општина Куманово, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

За реконструкцијата на ова подрачно училиште ресорното министерство одвои над 8, 2 милиони денари (8. 227. 573,60).

 

Loading...

 

Компанијата која е избрана на тендерот веќе е на терен и работи на покривот на училиштето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец бил агресивен и се заканувал на полицајци во СВР Куманово

Родителите на учениците од подрачното училиште „Кирил и Методиј“ од кумановското Агино село лани не ги пуштаа учениците на настава на први септември во знак на револт бидејќи училиштето не е реконструирано со децении.

 

 

Тогаш тие бараа да се реализира реконструкцијата на објектот, изграден 1977-78 година.

Loading...

Во меѓувреме во општина Куманово се реконструира уште подрачното училиште „Браќа Миладиновци“ во село Пчиња, проект на општина Куманово. – Изминатиов период се реновираа голем број училишта.

 

 

Во централното градско подрачје веќе се завршени како средните, така и основните.

Сепак, во Куманово има вкупно 49 училишни објекти, остануваат да се реконструираат училишни згради во рурални средини.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Поставена божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово

 

Loading...

 

Куманово постојано аплицира за проекти за реконструкција до МОН, чекаме и нов повик на кој исто така ќе аплицираме, изјави раководителот на секторот за образование од општина Куманово, Александар Јовановиќ.

Досега се реконструирани повеќе од половина училишни објекти во Куманово и дел од селата.

 

МИА

Loading...