Се распадна воз во Пекинг, повеќе од 100 луѓе тешко повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 100 лица се повредени во несреќата што се случи во четвртокот во метрото во Пекинг.

Loading...

Несреќата се случила синоќа на надземниот дел од пругата, а била зафатена од временските услови и снегот.

Кинеската престолнина, каде што ваквите инциденти се ретки, изминатите денови беше погоденa од снежно невреме, што влијаеше на сообраќајните услови и резултираше со доцнење на транспортот низ градот.

Несреќата се случила нешто пред 19 часот, кога последните два вагони на метрото се одвоиле од вагонот пред нив, соопштија властите.

 

 

До околу 23 часот, „вкупно 515 лица се испратени во болница на преглед, од кои 102 лица се здобиле со скршеници“, соопшти во петокот државната телевизија ЦЦТВ.

Loading...

До 6 часот наутро, 423 лица се отпуштени од болницата, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека уште 67 се уште се на лекување, додека 25 лица се под опсервација. За среќа, нема пријавени смртни случаи.

Прелиминарната истрага за инцидентот покажа дека снежното време предизвикало лизгави патеки и „деградација на сигналот“, што резултирало со несреќата, се вели во извештајот.

Корисниците на социјалните мрежи напишаа дека виделе патници како паѓаат на земја, а некои се пожалиле на болки во грбот.

Снимките на интернет покажуваат патници на подот и светлата како трепкаат и исклучуваат, додека некои патници користеле чекани за итни случаи за да ги скршат прозорците на возот за да избегаат.

Компанијата за подземна железница во Пекинг се извини за несреќата што се случи.

„Патниците кои го напуштиле објектот без придружба за време на евакуацијата и кои не се чувствуваат добро, можат да не контактираат во секое време. Ние ќе ги покриеме трошоците за лекување“, додаваат тие.

 

Loading...